Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, на прес-конференцијата пред утрешниот лигашки меч со Хетафе, говореше за својата иднина во Кралскиот клуб. Постојано се шпекулира дека ќе биде сменет, можеби уште пред крајот на сезонава, и дека од јуни ќе стане селектор на Бразил.
„Имам многу добри односи со клубот, тие знаат дека ова е тешка сезона. Јас сум среќен, задоволен, разбирливо под голем притисок, но тоа е секогаш случај во оваа фаза од сезоната. Успехот е веднаш зад аголот, знаеме дека трофеите може да ги освоиме само со победи против Барселона. Стресот за мене е гориво кое ми дава енергија. Се надевам дека ќе останам тука што е можно подолго“, изјави Анчелоти.