Анчелоти: „Судијата не разбира англиски, Белингам му рече за*би, а не е*и се“

Големи полемики и реакција има во Шпанија после исклучувањето на Џуд Белингам на мечот против Осасуна. Главниот судија, Хосе Мунера, го исклучи фудбалерот на Реал Мадрид во 39-тата минута, наводно бидејќи му рекол „е*и се“, а тоа му го објаснил на Лука Модриќ уште за време на мечот.

Сепак, тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти смета дека проблем е преводот од англиски на шпански.

„Црвен картон? Мислам дека судијата беше нервозен. Белингам му рече ‘ако е фаул, тогаш е пенал, за*би’. Белингам не направи ништо за да добие црвен. Судијата не разбира англиски. Му рече за*би, а не е*и се.“ – рече Карло Анчелоти после мечот.

- Оглас -

Најнови вести