Анчелоти: „Судијата ни даде премногу картони“, тренерот на Алавес: „Оштетени сме!“

Реал Мадрид го победи Алавес со 3-2 во меч на којшто не беше досуден пенал за Кралскиот клуб, па Карло Анчелоти веднаш по натпреварот се пожали за судењето, но не го видел потегот на Ендрик, кој беше за директен црвен картон.

„Црвен картон за Ендрик? Не видов што направил и не можам да зборувам за тоа. Сметам дека шест картони за протест е премногу. Нема да зборувам за тоа премногу, но ќе дојде време и за тоа. Само судијата може да објасни како капитенот Модриќ доби жолт картон за протест кога тој е единствениот кој смее да му се обрати“, рече Анчелоти.

Сепак, Реал Мадрид на натпреварот не доби шест жолти картони како што вели Анчелоти, туку четири.

Незадоволство од судење е оправдано кај екипата на Алавес, која е оштетена за црвениот картон на Ендрик во 83-тата минута.

„Карло е феноменален и го обожавам. Рече дека тоа не е ниту за жолт картон. Според мене, тоа беше за директен црвен картон. Во последните минути требаше да играме со играч повеќе на теренот. Никој не може да рече дека тоа не е црвен картон, намерно го удри“, вели тренерот на Алавес, Луис Гарсија.

https://twitter.com/atletiuniverse/status/1838791589734285377?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1838791589734285377%7Ctwgr%5E906097f9d969d4d1ca0fc0dacddeaf202de0afc7%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Freal-madrid-carlo-ancelotti-komentar-sudenje%2F482724

- Оглас -

Најнови вести