Анчелоти својата судбина во Реал ја става во рацете на Перес

Тренерото на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави дека не е сигурен уште колку долго ќе остане на клупата на Кралевите бидејќи изминатиот период постојано се шпекулира со потенцијални наследници, но и неговото име се споменува во разни комбинации.

Шпанските и бразилските медиуми, од почетокот на годинава, пишуваат дека следниот ангажман на Анчелоти треба да биде на клупата на бразилската репрезентација, но Италијанецот, сега изјави дека конечната одлука за неговата судбина ќе ја донесе претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес.

„Клубот ќе одлучи околу мојата иднина. Би сакал да останам во Реал до крајот на животот, но тоа е невозможно. Сепак, сакам да продолжам да работам. Ако во клубот сакаат да останам уште три месеци, ќе уживам во тие три месеци. Ако сакаат да останам три години, тогаш ќе уживам три години“, изјави Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести