Анчелоти веќе има најдено нов ангажман, Реал на СКП ќе биде предводен од Аргентинец?!

Шпански „Релевао“ најавува дека Карло Анчелоти и дефинитивно си заминува налето и нема да ја чека одлуката на раководството. Како што пишува медиумот, Италијанецот е свесен дека елиминацијата од Арсенал ја прелила чашата, па веќе стапил во контакт со Фудбалскиот сојуз на Бразил и ќе ја преземе репрезентацијата на Кариоките.

Планот на Анчелоти е најпрво да се одмори од фудбалот, а кон крајот на летото да се пресели во Бразил, што би било во финишот од квалификациите за Светското првенство, и да започне да ја подготвува селекцијата за настапот на Мундијалот.

Како најсериозен кандидат за клупата на Реал Мадрид е тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, но според „Релевао“, тој би дошол во главниот град на Шпанија дури по Светското клупско првенство.

На Мундијалот за клубови се очекува Кралевите да бидат предводени од Сантијаго Солари, кој во моментов ја извршува функцијата директор за професионален фудбал, а би бил преодно решение на тренерската позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести