Карло Анчелоти очигледно се адаптира одлично на новата реалност во Бразил. Откако ја напушти клупата на Реал Мадрид, искусниот италијански стратег веќе неколку дена е селектор на бразилската репрезентација.
„Започнува нова авантура – тоа е голема одговорност, но и голема чест да се води бразилскиот национален тим“, изјави Анчелоти.
„Веќе ме викаат Карлињо и ми се допаѓа тоа“, рече тој со насмевка. „Ова ново патување носи сериозна одговорност, но и вистинска среќа. На заморот и годините се спротивставувам преку страста што секогаш сум ја имал кон фудбалот.“
Анчелоти признава дека бил топло пречекан во Бразил и се надева дека ќе го подготви тимот да биде конкурентен за следното Светско првенство. Што се однесува до јазичната бариера, вели: „Ќе морам да учам португалски – како што учев француски, англиски и шпански. Добро е што граматиката е слична.“
Анчелоти ќе дебитира на клупата на Бразил оваа недела во квалификациски меч за Светското првенство против Еквадор, ноќта меѓу четврток и петок.