Анчелоти: „Винисиус беше одличен, но друг фудбалер беше најдобар на теренот“

Екипата на Реал Мадрид со победа од 2-0 над Челзи е на чекор од нов пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите. Головите за Кралскиот клуб беа дело на Карим Бензема и Марко Асенсио, но тренерот на Реал Мадрид имаше пофални зборови за Винисиус и уште еден фудбалер.

„Сè уште ништо не е готово. Мораме да останеме мирни и ова да го повториме и на ‘Стемфорд бриџ’. Нè чекаат тешки 90 минути во Лондон. Да го заборавиме овој резултат, мора да се бориме следната седмица. Задоволен сум, но можеме да биде уште подобри. Во второто полувреме малку изгледавме уморно. Винисиус одигра фантастично, но еден играч беше уште подобар. Според моето мислење, Феде Валверде беше најдобар играч на теренот. Милитао и Алаба исто така беа многу добри. Постојано беа на Стерлинг и Жоао Феликс и одиграа на врвно ниво“, изјави легендарниот Карло Анчелоти по победата над Челзи.

- Оглас -

Најнови вести