Карло Анчелоти и официјално го имаше своето претставување како нов селектор на репрезентацијата на Бразил. Италијанецот ја одржа и првата прес-конференција како селектор на Кариоките, на која присуствуваа над 250 медиуми.
Едно од прашањата кое му беше поставено беше за бразилските фудбалери кои ги тренирал, на што следуваше интересен одговор.
„Најдобриот Бразилец кој некогаш го имам тренирано е Роналдо. Беше спектакуларен техничар и од најзабавните луѓе во светот. Најголем професионалец кој сум го водел беше Кафу, а најмногу знаеја да ме насмеат Милитао и Винисиус. За Винисиус би додал дека е многу скромен. Затоа секогаш убаво зборувам за тие играчи. Имам одлична историја со нив. Веднаш ми се јавија да ми честитаат кога станав селектор. Тренирав 34-ица Бразилци во кариерата и имав проблеми само со еден. Нема да кажам со кого“, рече Анчелоти.