Анчелоти во проблеми, налето си заминува еден од клучните играчи сезонава?

Реал Мадрид сезонава игра одлично иако тренерот Карло Анчелоти не може да смета на тројца клучни играчи, Тибо Куртоа, Едер Милитао и Давид Алаба, но на крајот може да остане без еден од клучните играчи кои влетаа како замена за ѕвездите.

По повредата на Куртоа, Реал го ангажираше Кепа Аризабалага кој потоа исто така се повреди и на сцена стапи Андриј Лунин кој брани неверојатно.

Младиот голман успеа да се избори за статусот на прв голман по враќањето на Кепа, но повеќе од сигурно е дека на крајот од сезоната ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

Лунин е свесен дека Куртоа ќе биде подготвен за следната сезона и ќе биде прв избор за Анчелоти, а тој ќе мора да се задоволи со улогата на втор гол.

Тоа сценарио не му се допаѓа на Лунин, тој сака редовно да брани и поради тоа му почнал да размислува за заминување и главен фаворит за ангажман на 25-годишниот Украинец е Селтик чија управа подготвува понуда за Реал и за голманот.
За очекување

- Оглас -

Најнови вести