Анчелоти во свој стил ги смири навивачите на Кралевите: Реал ќе игра во финалето на ЛШ во Минхен

Реал Мадрид го има најлошиот старт во историјата на Лигата на шампиони. Кралскиот клуб има само две победи и дури три порази по првите пет кола од групната фаза. Токму поради тоа, тренерот на Реал, Карло Анчелоти, се најде на мета на критики кај дел од навивачите и симпатизерите на Кралскиот клуб.

Реал е речиси без шанса да биде во Топ 8 на табелата кои носат директен пласман во осминафиналето, но затоа речиси сигурно ќе биде во првите 24 екипи што значи дека ќе игра во плејофот за место во осминафиналето.

„Можете да зборувате што сакате, но запаметете што ви кажуваме, Реал Мадрид ќе игра во финалето во Минхен“, Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести