Она што со години се очекуваше, се случи ова лето. Килијан Мбапе пристигна во Реал Мадрид и треба да биде предводник на нападот на „кралскиот“ клуб. Французинот би требало да биде ударната игла на Карло Анчелоти, а Винисиус да се префрли на левата страна, додека Родриго на десната.
Мбапе со Реал Мадрид потпиша договор до 2029-тата година, откако како слободен фудбалер пристигна од ПСЖ. Карло Анчелоти доби прашање каде ќе му најде место на французинот во првата постава.
„Ќе му пронајдам некако позиција. Ќе го гурнам некаде.“ – одговори Анчелоти.