Реал Мадрид и Барселона во недела ќе играат во финалето на шпанскиот Супер куп во Саудиска Арабија, а тренерот на „кралевите“ доби прашање за ситуацијата со Дани Олмо. За разлика од останатите клубови од Ла Лига, кои објавија соопштенја по повод привремената регистрација на Дани Олмо и Пау Виктор, Карло Анчелоти, одби да го стори тоа и не сакаше да коментира на таа тема.
„Секој има свое мислење. Јас сум запознат со реакциите во јавноста по ова прашање, но своето мислење ќе го задржам за себе. Тешко ми е да кажам било што, не сакам да зборувам на оваа тема.“ – рече Анчелоти после дуелот против Мајорка.