Анчелоти за поништениот гол на Баерн: „Се жалат? Па и ние сме оштетени“

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, смета дека поништениот гол на Баерн Минхен за израмнување на 2-2 е оправдано поништен бидејќи играта веќе била стопирана и неговите играчи застанале, а веројатно доколку би се играло, Де Лихт немало да постигне погодок.

Ваквото тврдење на славниот Италијанец сигурно дека ќе предизвика лавина реакции кај навивачите на Баерн Минхен, но и кај оние на кои Реал Мадрид не им е баш најомилената екипа.

„Се жалат? Па судијата и нас нѐ оштети кога Начо постигна гол, а Кимих симулираше фаул“, вели Анчелоти и додава дека неговите фудбалери застанале кога Мачињак досудил офсајд, а голот е постигнат потоа.

Во 73-тата минута на Реал Мадрид му беше поништен погодок за израмнување бидејќи ВАР-системот досуди фаул во напад во текот на акцијата за израмнување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести