Шпанските обвинители утврдија дека Карло Анчелоти, менаџерот на Евертон, затајувал данок во 2014 и 2015 година додека го предводел Реал Мадрид. Италијанскиот стратег криел приходи и не ѝ платил еден милион евра на Шпанија, па сега ќе биде гонет.
Трофејниот тренер допрва треба да се огласи околу овој случај, a тој е последниот во низата спортски работници во Шпанија кои изминативе години се соочуваа со вакви проблеми.
Последено беше гонет Диего Коста, голгетерот на Атлетико Мадрид, додека претходно беа покренати оптужби против Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Жозе Мурињо и други.