Андер Ерера потпиша договор со Пари Сен Жермен и во следните пет години ќе биде член на францускиот шампион. Ерера во ПСЖ ќе има годишна плата од 8 милиони евра, а дојде како слободен играч откако му истече договорот со Манчестер јунајтед.
Во новиот клуб, во којшто доаѓа од манчестерските „црвени ѓаволи“, каде што мина пет сезони и најголем успех му беше трофејот во Лигата на Европа, Ерера ќе го носи дресот со бројот 21. Ако се знае дека овој Шпанец има 29 години, договорот со ПСЖ му е дил на кариерата. Тој е вториот Шпанец по Пабло Сарабија кој летово потпиша за ПСЖ.
„Потпишав за најголемиот клуб во Франција. ПСЖ има богата историја, постојано напредува и се бори за освојување на сите можни титули. Одвај чекам да заиграм. Ми се допаѓа Париз, кој е најубав град на светот. Можам да ветам три работи: работа, професионалност и пасија. Исто така, ќе го подобрам мојот говор на францускиот јазик. Познавањето на јазикот е важно за комуникација со екипата“, рече Ерера, кој е роден во Билбао.