Фудбалерот на Атлетик Билбао, Андер Ерера, ќе ја продолжи својата кариера во аргентинскиот гигант Бока јуниорс. Преговорите за Шпанецот се во напредна фаза, и се очекува наскоро да бидат финализирани.
Оваа недела, Бока официјално соопшти дека започнала разговори за Ерера, кој никогаш не го криел својот сон да игра за клубот.
Во наредните денови, Андер Ерера ќе ги мине медицинските прегледи и ќе потпише договор со аргентинскиот клуб.
35-годишниот играч за врска има 14 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. Тој има настапувано и за Сарагоса, Манчестер јунајтед и за ПСЖ.