Андерлехт го „изгоре“ гостиварецот Шефик, но тука е Втората шанса

Нашиот редовен обложувач С. Шефик од Гостивар има за што да жали бидејќи неговиот одлично составен тикет му го расипа Андерлехт. Со уплата од 200 денари, Шефик нареди 22 парови со истиот тип, од два до четири гола, а тикетот кој му носеше добивка од 270.000 денари е недобитен бидејќи белгискиот гигант славеше со 3-2 на гостувањето кај Остенде, со гол во првата минута од судиското надополнување.

Сепак, за Шефик има надеж преку Втора шанса. Таа го доведе до позиција да се наметне во трката за милион денари со еден утнат тип. Погодениот 21 пар има вкупна квота од 8.940, со која Шефик сега е трет на табелата зад водечките Петрит (10.036 квота) и Риста (19.562 квота).

И Петрит си го подобри учинокот во однос на минатата недела. Ја задржа втората позиција, но сега има 10.036 квота, 240 коефициент повеќе.

Акцијата на Sport Life трае до 19 декември, што значи дека преостануваат уште околу три недели за максимално да се искористи втората шанса со која обложувачите слатко ќе се тешат на промашените тикети.

 

- Оглас -

Најнови вести