Андерсон го совлада Ѓоковиќ на Лејвер купот

Јужноафриканецот Кевин Андерсон го надигра Новак Ѓоковиќ со 6-7, 7-5, 10-6 во Лејвер купот, натпреварување во кое европските тенисери играат против тенисерите од другите континенти низ светот. Ѓоковиќ загуби и во двојки кога играше во тандем со Роже Федерер, но ќе има прилика да се извади бидејќи на последниот, можеби, решавачки меч од Лејвер купот, ќе се сретне со Ник Кирјос.

Европа води против остатокот од светот со 7:5. Правилата се такви што на првите два дена, победа носи два поени, но во третиот ќе носи три. Во тој последен ден, Ѓоковиќ ќе го има последниот збор.

Најпрвин, Федерер и Зверев ќе играат со Иснер и Сок, па ќе има два сингл меча Федерер – Иснер и Зверев – Андерсон, а за крај, кога можеби и ќе се одлучува победникот, Србинот ќе ја брани честа на Европа против Австралиецот со грчко потекло.

- Оглас -

Најнови вести