Андон Дончевски стана „Спортски великан на Македонија“ и почесен член на МОК (Фото)

Денеска во просториите на Македонскиот олимписки комитет беше одржана свеченост во чест на првиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Андон Дончевски.

Во име на Сојузот на спортски новинари на Југоисточна Европа, почесниот претседател на МОК, г-динот Васил Тупурковски, му ја врачи наградата „Спортски великан на Македонија“.

Претседателот на МОК, Даниел Димевски, го прогласи Дончевски за почесен член на Македонскиот олимписки комитет.

Популарниот чичко Дончо доби и дрес од фудбалската репрезентација на Македонија, со името на легендарниот голман Благој Истатов.

- Оглас -

Најнови вести