Наташа Андонова постигна прекрасен гол од далечина, со удар од околу 40 метри против Атлетик Билбао и на фантастичен начин ја запечати победата на Леванте од 4:0 и настапот во квалификациите за Лигата на шампионите.
За Андонова ова беше седми гол во Првата шпанска лига сезонава на 32-от натпревар за Леванте.
https://twitter.com/LUDfemenino/status/1401486061562380288?s=20
Клубот од Валенсија на две кола до крајот на првенството е на третата позиција со 69 бода, 15 помалку од шампионот Барселона и еден зад Реал Мадрид, а веќе се недостижни за конкурентите Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид.