Андонова речиси сама ги победи Летонките, Македонија го избегна последното место

Втора победа за македонскиот женски фудбалски А тим во квалификациите за Светско првенство и повторно како и првиот триумф есеноска, нашите беа подобри од Летонија.

Попладнево на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, избраничките на селекторот Кирил Изов победија со 3-2, што најверојатно носи избегнување на последната позиција во групата Д, од која на Мундијалот следната година во Австралија и Нов Зеланд директно оди Англија, а Австрија ќе игра бараж.

Наташа Андонова, која е членка на шпанскиот Леванте, во денешниот триумф од 3-2 придонесе со два гола и една асистенција. Третиот гол беше дело на Гентјана Рочи.

- Оглас -

Најнови вести