Голема чест за Андонова, капитен е на Леванте и ужива со брилијантен настап

Македонската репрезентативка Наташа Андонова денеска за првпат е капитен на Леванте и на довербата возврати со прекрасен настап, зачинет со гол и асистенција против Рајо Валјекано.

Андонова најпрво ѝ асистираше на Силвија Лорис за водство на Леванте во седмата минута, а потоа и самата ја затресе мрежата на Рајо Валјекано, во 34-тата минута, во тој момент за предност на нејзиниот тим од 3:0.

По 70 минути игра Леванте води со 4:1, а покрај Андонова блескаат и Лорис со два гола и Јануци со две асистенции.

Андонова е член на Леванте од 2019 година, а беше и фудбалерка на врвни тимови од калибарот на Турбине Потсдам, ПСЖ и Барселона.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести