Андоновски: „Фејсбук-страницата сè уште е хакирана“

Иако вчера се појави статус на официјалната фејсбук-страница на Фудбалската федерација на Македонија, „Фудбалска Репрезентација на Македонија“, дека страницата конечно е вратена во сопственост на ФФМ и дека сè е во ред, сепак не е така.

Од Фудбалската федерација на Македонија информираат дека официјалната фејсбук-страница сè уште е хакирана и некој друг ги објавува содржините на неа.

„Фејсбук-страницата е хакирана, како што е случај со повеќе ФБ официјални страници на институции и јавни личности во Македонија во изминатиот период. Веднаш е пријавено во МЕТА и од нив зависи кога ќе биде решен проблемот“, изјави портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.

Освен статусот дека страницата е вратена, објавени се и повеќе видеа и фотографии од натпревари на Македонската фудбалска репрезентација, од победата против Италија, натпреварот на младинците против Малта, фотографии од навивачите во Манчестер …

Сепак, избришан е статусот со кој требаше да биде информирана јавноста дека сè е во ред со фејсбук-страницата на ФФМ и дека конечно сите љубители на фудбалот од Македонија, но и од странство ќе можат да се информираат со случувањата во македонскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести