Ревијален меч во Андора, головите се одлична опција

Андора – Молдавија (20.45 часот)

Ова е ревијален меч на двете најслаби репрезентации во Х групата, кои ќе бијат клучна битка денеска за избегнување на последното место на табелата.

Молдавија ја победи Андора на домашен терен и тоа им е единствениот триумф на досегашните шест дуели во групата.

Андорците редат само порази и досега не успеаја да постигнат гол, а примија 14. Сега им е шанса барем еднаш да ја затресат мрежата на еден од ривалите, а ако победат би можеле за првпат во историјата да се надеваат дека нема да бидат последни на табелата во квалификациски циклус.

Мечот освен за престиж и за избегнување на фенерот во Х групата, нема некакво особено значење, а предизвик е одличниот коефициент во Sport Life, каде понудата за три, или повеќе голови е 3.50.

Предлог тип: 3+ (3.50)

 

Црна Гора – Бугарија (20.45 часот)

Балканските дуели секогаш носат посебен шарм, иако овојпат и двете селекции ќе играат само за престиж, бидејќи шансите за пласман на Европското првенство им се минимални.

И Црна Гора и Бугарија по пет кола немаат победа, па ќе се игра за гол повеќе и за прв триумф, што може да ги подгрее надежите за подвиг во трката со Англија, Чешка и Косово за плсаман на ЕП.

Го играа стартниот меч во А групата на „Васил Левски“ во Софија, а заврши нерешено, 1:1, резултат и исход што сега не им одговара ниту на Црна Горам, ниту на Бугарија.

Во „Подгорица“ мора да се игра на победа, бидејќи и двет селекции немаат поинаков избор, па ќе типуваме дека ќе се тресат и двете мрежи.

Предлог тип: ГГ (2.08)

 

Чешка – Англија (20.45 часот)

Чешка ќе сака реванш за петардата што ја прими од Англија на „Вембли“ во март, во премиерниот меч за двете репрезентации во овој циклус, но секако ќе им одговара и реми против најсилната селекција во А групата.

Чесите моментно се второпласирани со пет одиграни натпревари, имаат еден бод повеќе од Косово и го чекаат на свој терен во ноември, во веројатно и решавачкиот дуел за втората позиција, која води на ЕП, следната година.

Англија е пресилна за оваа конкуренција, a „Гордиот Албион“ има сјајна серија од 43 меча без пораз во квалификации за Европско, или Светско првенство, што е податок за респект.

Гостите ќе го имаат на располагање истиот состав од претходниот меч со Чешка, а Џејмс Медисон се разболе и ќе почека на деби за Англија.

Домаќините ќе имаат голем проблем на левата страна, бидејќи бекот Новак и Павелка се повредени, па селекторот Јарослав Шилхави ќе мора да бара две алтернативи. Чесите знаат да бидат незгодни на домашен терен, но Англија е во топ-форма и во моментов е пресилна за домаќинот.

Предлог тип: 2 (1.55)

 

Турција – Албанија (20.45 часот)

Турците имаат одлична позиција по шесте рунди во Х групата и се лидери со 15 бодови, колку што има и светскиот првак Франција.

Вечерва можат двојно да се радуваат, ако ја победат Албанија и Франција слави против Исланд на гостински терен. Во таков случај избраниците на Шенол Ѓунеш ќе бидат многу блиску до пласман на ЕП 2020.

Домаќините имаат и предност во дуелите против Албанија, поради победата на „Лоро Боричи“ во Скадар од 2:0 на самиот старт од квалификацискиот циклус. И досега немаат пораз во квалификациски меч против денешниот гостин.

Албанија влета во криза по историскиот настап на ЕП во Франција во 2016 година, но има одличен состав, со квалитетни играчи, кои настапуваат во клубови ширум Европа.

За гостите нема простор за калкулации, мора да ја победат Турција за да ги задржат шансите за нов настап на големо натпреварување, што е најав за меч со голови. Сепак веруваме во квалитетот на Турците, кои во моментов се во подбра форма и ќе имаат пеколна поддршка на „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул.

Предлог тип: 1 (1.50)

 

Украина – Литванија (20.45 часот)

Украинците газат сигурно во група што е мошне слоѓена, со два големи конкуренти, европскиот првак Португалија и незгодната селекција на Србија.

Ги победија Србите со 5:0 на домашен терен, а имаат многу вредно реми без голови против Португалците на гостински терен, па сега се во пол-позиција.

Во септември со головите на Зинченко, на Марлос и на Малиновски лесно ја преслушаа Литванија на гостински терен, па и денеска се големи фаворити за победа. Немаат право на кикс, а квалитетот на играчите е голем кај Украинците, кои се сериозна селекција и нема да си дозволат луксуз и сезнација против репрезентација што нема победа на петте натпревари во Б групата и е последна на табелата.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.74)

 

Во денешната понуда на Sport Life можете да одберет три меча со специјални квоти:

Турција – Албанија ГГ прво/второ (2.95)

Чешка – Англија 2&2-4 гола (2.45)

Исланд – Франција Х2&ГГ (2.35)

 

- Оглас -

Најнови вести