Француска нула со голови во Шпанија се топ-комбинација за добитна квота 26

1729 Бург ен Брес – Лавал (Национална лига, Франција, 18.30 часот)

Лавал е еден од најстарите фудбалски клубови во Франција, формиран е во 1902 година и амбициите му се идната сезона да слави 120 години постоење со настап во Втората лига.

Засега му оди одлично и е лидер во Националната лига на Франција со 52 бода и меч помалку и ако победи денеска, ќе има најмалку шест бода предност на 7 кола до крајот.

И Бург ен Брес никогаш не играл во најсилната француска лига, сега позната како Лига 1, за разлика од Лавал, екипа што има и настап во УЕФА купот во 1983 година, кога го елиминира и гигантот Динамо Киев.

Домаќините се борат за пробив на третото место, кое води во плејофот за пласман во Лига 2 во Франција.

Имаат интересна серија од шест победи по ред против Лавал, но сега ќе типуваме дека нема да победат, но и да загубат.

Предлог тип: Х (3.00)

 

6705 Андора – Гренада (Пријателски меч, 20 часот)

Андора и Гренада се меѓу најслабите фудбалски селекции во светот и за првпат ќе играат меѓу себе.

Домаќин е Андора во Дела Вале по долг периоди има шанса да врзе две победи, макар и на пријателски мечеви.

Ја победија селекцијата на Китс и Невис во петокот со 1:0, а сосема е можно ист резултат да биде и денеска.

Гренада пред четири дена одигра 0:0 со Гибралтар, па во дуелот меѓу две скромни селекции ќе типуваме дека ќе има малку голови.

Предлог тип: 0-2 (1.40)

 

6721 Црна Гора – Грција (Пријателски меч, 20 часот)

Црна Гора има доста познати фудбалски имиња, но не бележи добри резултати и има четири меча по ред без победа.

Лошо звучи податокот дека имаат само една победа, и тоа против Гибралтар на последните 11 натпревари.

Ниту тие, ниту Грција нема да играат на Мундијалот во Катар, па ова е добра шанса за подготовка за стартот на Лигата на нациите.

Грците пред три дена ја победија Романија на гости со 1:0 и прекинаа серија од три меча без триумф.

Нашите јужни соседи немаат ниту приближно добра репрезентација во однос на нивните јунаци, кои во 2004 година станаа и европски шампиони.

Очекуваме тврд меч со малку голови.

Предлог тип: 0-2 (1.57)

 

1321 Лас Палмас – Леганес (Ла Лига 2, Шпанија, 21 часот)

Лас Палмас и Леганес не можат да испаднат, но и тешко можат да стигнат до шестото место, последно што води во плејофот за пласман во Ла Лига.

Мечот е да се биде или не за двете екипи и само победа може да ги продолжи надежите за успех и евентуален пласман во Првата шпанска лига преку доигрување.

Лас Палмас имаше добра позиција, но за еден месец со серија од пет меча без победа се вратија назад, моментно на 12-тото место со 44 бода, 7 помалку од Понферадина, која е на шестото место во Лига 2, или како што е попозната во Сегунда.

Леганес е во сосема спротивен тренд, со одлична серија од 8 меча без пораз, по четири победи и нерешени, што им донесе безбедно продолжение на Лига 2.

Моментно се 15-ти со 42 бода и сега немаат поинаков избор освен да се обидат да ја продолжат победничката серија и да продолжат да се надеваат во чудо.

Предлог тип: ГГ (1.96)

 

3026 Модена – Анкона (Серија Ц, Италија, 21 часот)

Модена игра за да ја задржи челната позција во Серија Ц, Група Б во Италија и со три бода ќе биде на прагот на промоција во повисок ранг.

Домаќините во таков случај би имале пет бода повеќе од единствениот ривал за првото место, Реџана, и речиси сигурно би биле нови членови на Серија Б.

Анкона е на шестото место со 50 бода и сигурно ќе игра во плејофот, кој е интерсен со 9 екипи, од второто до десеттото место за пласман во Втората италијанска лига.

Модена е голем фаворит и типуваме дека нема да пропушти шанса да дојде до 81 бод и практично да го визира настапот во повисок ранг следната сезона.

Предлог тип: 1&0-3 (2.00)

 

 

- Оглас -

Најнови вести