Фудбалската репрезентација на Србија го игра првиот натпревар по заминувањето на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси, а стартот на новата ера донесе возбудливи моменти и два навистина необични гола во првите 20 минути од дуелот против Андора.
По првото полувреме е 1-1.
По релативно мирен почеток без поголеми возбудувања, средината на првото полувреме донесе вистински шок за фаворизираните гости. Андора изненадувачки поведе преку Гијаме Лопез, кој со маестрален удар од половина терен го совлада голманот Ѓорѓе Петровиќ, фаќајќи го неподготвен и истрчан далеку од гол-линијата.
Сепак, радоста на домаќините траеше само една минута. Србија експресно возврати и израмни.