Андреа Белоти ја напушта Рома и оди на позајмица во Фиорентина. Популарниот Гало (петел) пристигна во „Виола парк“, каде што позираше со шал на клубот чиј дрес ќе го носи до крајот на сезонава.
Фиорентина на римската Волчица ќе ѝ плати 750.000 евра. Инаку, Белоти утре ќе треба да оди на лекарски прегледи. Тој сезонава во дресот на Рома на 14 меча во Серија А има учинок од три гола и две асистенции.