Андреа Пирло доби отказ од турскиот прволигаш

Легендарниот италијански фудбалер, Андреа Пирло уште се мачи за да се докаже на тренерската функција. По само една година откако дојде на клупата на турскиот тим Карагумрук, Пирло доби отказ.

Поразот од Трабзонспор со 4:1 во 35 коло од турското првенство беше доволно да се „прелии чешата“ и Пирло доби отказ. Карагумрук под водство на Пирло немаше толку лоша сезона затоа што клубот е на средината од табелата, на деветото место со 44 бодови.

Сепак, челниците на овој клуб имале поинакви амбиции, затоа што очекуваа дека може да се изборат за излез во Европа, а тоа не се случи.

Пирло по завршување на играчката кариера, тренерскиот занат почна да го учи во Јувентус, каде го водеше тимот до 23 години, а потоа доби шанса да биде и предводник на првата екипа на Старата дама, но не се прослави. Сега, по заминувањето од турскиот тим, Пирло мора да баранов ангажман.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести