Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло, заработи отказ од тренерската функција во Сампдорија само по три кола во Серија Б. Екипата од Џенова има амбиции да се врати во Серија А, но на стартот од новата сезона освои само бод од можните девет.
Пирло и минатата сезона беше тренер на Сампдорија и заврши како седми во првенството, а потоа загуби уште во првото коло од разигрувањето и не успеа експресно да го врати клубот во највисок ранг.
Тренерската кариера на легендарниот Италијанец е далеку од онаа кога играше на зелените терени и освојуваше трофеи со Јувентус и Милан. Кариерата ја започна како тренер на Јувентус во 2020, а потоа го тренираше и турскиот Караѓумрук.