Андреас Трајковски ќе ја претставува Македонија на претстојното Светско првенство во атлетика во сала.
Атлетичарот на својот профил на „Фејсбук“ потврди дека тој ќе ја претставува Македонија во дисциплината скок во далечина на СП во сала кое од први до трети март ќе се одржи во Глазгов, Шкотска.
„Со задоволство објавувам дека официјално бев избран да ја претставувам Македонија во скок во далечина на Светското првенство во атлетика во сала, кое од 1 до 3 март ќе се одржи во Глазгов!“, напиша Трајковски.
Андреас Трајковски е роден во Данска, но има македонски корени и од пред неколку години настапува под македонско знаме.