7.8 C
Skopje
вторник, 25 ноември 2025

Андреј Јакимовски: „Конечно сум тука и сакам да помогнам“ (ВИДЕО)

Долго време, најмногу поради школските обврски во САД, Андреј Јакимовски не можеше да одговори на повиок во националниот тим. А кога обврските завршија, следуваше нешто ново за нашиот млад репрезентативец.

Враќање во Европа. Па потпис со италијанскиот Тренто, играње во Еврокупот, во силната Лига Серија А и сега „враќање“ во националниот тим на Македонија.

„Задоволство ми е повторно да бидам со репрезентацијата, како што знаете, по одреден период конечно сум тука и сакам да помогнам. Сакам да почнеме од некаде, пред нас се два важни меча во претквалификациите за Европското првенство“, вели Јакимовски по првиот одработен тренинг со репрезентативните колеги во СРЦ „Кале“.

Повратникот во нашата најдобра селекција зрачи со оптимизам во пресрет на првите предизвици, дуелите со Азербејџан во Скопје и со Ирска во Даблин три дена подоцна:

„Максимално сум фокусиран на првиот меч со Азербејџан, ги повикувам сите и целата јавност да дојде да ни даде поддршка. Ова е прв чекор кон нашата цел, а тоа е да бидеме дел од Европското првенство во 2029 година. Поради оправдани причини во изминатите години не можев да бидам тука, но сега сум во Европа и исправен сум, спремен да ѝ помогнам на репрезентацијата, на тимот и на селекторот“, порачува еден од нашите најголем адути во оваа претквалификациска трка.

- Оглас -

Најнови вести