Македонскиот репрезентативен кошаркар, Андреј Јакимовски, е прогласен за најкорисен играч во 10-тото коло на Еврокупот.
Јакимовски на мечот со француски Бурж имаше феноменално издание со 30 поени, 7 скока, три асистенции, две украдени топки и десет изнудени лични грешки, што му донесе индекс на корисност од 43, рекорд во клупската историја на италијанскиот Тренто чиј дрес го носи Андреј.

Ова веројатно е првпат некој Македонец да биде МВП на второто по квалитет клупско натпреварување во Европа.
Но, според податоците за Јакимовски на сајтот на Еврокупот, кај националност стои Бугарија.


