Андреј Тодороски ќе направи трансфер во ТСЦ за 450.000 евра

Македонскиот интернационалец Андреј Тодороски ќе ја продолжи својата кариера во српскиот прволигаш ТСЦ Бачка Топола откако клубот постигна договор со Спартак Суботица.

Според српските медиуми, трансферот е вреден 450.000 евра, а Спартак ќе добие и 20% од идната продажба на играчот.

Тодороски претходно во кариерата играше во неколку клубови во Австрија. Останува да се види како ќе се снајде во новата средина и дали ќе му помогне на ТСЦ во борбата за висок пласман во српското првенство.

Андреј Тодороски оваа сезона забележа 19 настапи и постигна шест гола за Спартак.

- Оглас -

Најнови вести