Таткото на Ванда Нара, сопругата и агент на фудбалерот Мауро Икарди, кажа многу негативни работи за својата ќерка и вели дека е многу разочаран од неа, а во минатото би му ја „скршил главата“ на секој што би кажал лош збор за неа.
„Односот со Заира ми е целосно поинаков од тој со Ванда. Иако е постара, Ванда треба да учи од Заира. Порано беше супер, но сега таа многу си го смени однесувањето. Парите и славата многу ја расипаа, таа е загубена. Со неа сега не може нормално да се разговара. Порано ќе му ја скршев главата на секој што ќе кажеше нешто лошо за неа“, изјави Андрес Нара.
Ванда во едно интервју кажа дека нејзиниот татко Андрес е нејзино големо разочарување и призна дека неколку години немаат никаков контакт. Проблемот е што таткото бил на страната на Макси Лопес, со кого Ванда има три сина, а Ванда го избра љубовникот, подоцна и сопруг Икарди, со кого сега има две ќерки. Ванда не добила поддршка од Андрес кога ѝ било најтешко и затоа сега не сака да комуницира со нејзиниот татко.
Против Ванда е и сестрата на Икарди, Ивана. Таа ја обвинува Ванда дека го оддалечила Мауро од семејството.