Андријана Поп Арсова и Дарио Ивановски старо-нови шампиони

Во неделата, на 4 јули, во Скопје се одржа Националното првенство на Македонија во полумаратон како дел од календарот на Атлетската федерација на Македонија. И оваа година победници на полумаратон во Националното државно првенство на Македонија се Андријана Поп Арсова (АК Делта) кај дамите и Дарио Ивановски (АК Делта) во машка конкуренција.

Првите три места во женска конкуренција ги освоија членовите на АК Делта. Андријана Поп Арсова заврши прва на целта со време од 1:29.00, зад неа беше Миљана Ристиќ со време од 1:35.30, додека на третото место ѝ припадна на Маја Рајчина 1:37.22.

Во машка конкуренција, победникот Дарио Ивановски (АК Делта) полумаратонот го заврши со време од 1:11.41. Второто место му припадна на неговиот клупски колега Атанас Анчевски (АК Делта), тој оствари време од 1:13.12. Кокан Ајановски од NRC – NIKE + RUN CLUB SKOPJE го освои третото место 1:17.09.

- Оглас -

Најнови вести