Ангеловски ќе комбинира против Казахстан, Барди ќе оди на ЕП без минутажа на пријателските мечеви

Игор Ангеловски најави дека ќе има неколку измени од стандардниот состав на Македонија за утрешниот контролен меч против Казахстан. Последниот тест пред настапот на ЕП ќе го имаме утре од 18 часот во Скопје.

„Ќе го искористиме мечот со Казахстан како подготвителен и последен пред настапот на Европското првенство. Гостите доаѓаат со играчи претежно од домашното првенство, но имаат и искусни фудбалери. Можеби и ќе комбинираме малку со составот, но не премногу. Само да нема повреди. Стефан Спировски е во добра здравствена состојба и е во тренажен процес. За разлика од него, Ферхан Хасани има мала повреда. Енис Барди од денеска ќе работи одвоено, а ако тестот му биде негативен на корона-вирус, ќе може комплетно да се приклучи. Со нетрпение го чекаме неговиот камбек“, рече Ангеловски.

Утре е претпремиерата за ЕП, а Македонија на 8 јуни ќе патува за Букурешт, каде што ќе ги играме првите два натпревари на шампионатот. На 13 јуни стартуваме против Австрија, а 4 дена подоцна на истото место ќе играме со Украина.

Против Холанѓаните во Амстердам на 21 јуни ги завршуваме натпреварите во првата фаза, во Ц групата на ЕП.

- Оглас -

Најнови вести