Виктор Ангелов кариерата ќе ја продолжи во тимот на Широки Бријег во првенството на Босна и Херцеговина. Ангелов беше слободен играч, а со Широки потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на соработката на уште една сезона.
„Среќен сум што потпишав ос Широки Бријег. И претходно, додека тренер тука беше мојот сонародник Гоце Седлоски, иавме одредени контакти и разговори за доаѓање. Сега ги финализиравме сите работи. За овој клуб имам слушнато само убави зборови. Дојдов тука за да помогнам клубот да ги оствари своите амбиции“, рече Ангелов на промоцијата во новиот клуб.
Ангелов е роден во Дортмунд, а бил дел и од младинската школа на Милионерите. Како сениор има настапувано во Работнички, Тетекс, Металург, Ујпешт и Шкупи. Беше дел од младата репрезентација која пред две лета настапи на Европското првенство во Полска.