Поранешниот младински репрезентативец Виктор Ангелов, кој беше дел од златната генерација во историскиот настап на ЕП за играчи до 21 година, со ефектен погодок спречи пораз на Широки Брег и му донесе бод на тимот во ремито од 2-2 против Борац Бања Лука.
Интернационалецот убаво се прилагодува во босанската лига, па со неговиот трет овосезонски погодок му помогна на Широки да се врати по два гола негатива. Токму со неговиот гол со глава во 69-тата минута го постави конечниот резултат.
Angelov za 2:2 pic.twitter.com/nLZavwpyYN
— SportTime (@SportTi43915378) February 23, 2020