Македонија освои бод на гостувањето кај Словенија, но според играта која ја покажаа нашите фудбалери на теренот, „црвено-црните“ требаше да победат, смета селекторот Игор Ангеловски.
„Пред почетокот на циклусот реков дека сум задоволен со три бода од првите два меча, но сега по еден ваков меч против Словенија, жалам што не победивме. Многуте шанси кои ги создадовме се доказ дека имаме квалитет. Барем една од тие шанси што ги создадовме да реализиравме, сега ќе славевме победа. Сметам дека нерешено не е реален резултат, ние бевме подобри и требаше да победиме“, рече Ангеловски на прес-конференцијата по мечот.