Ангеловски блеска од радост: Конечно и Македонија по 30 години не е спаринг-партнер, туку учесник на големо натпреварување

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, изјави дека се радува што конечно Македонија утре ќе биде во позиција на учесник на големо натпреварување на тест-дуелот со Словенија од 18 часот во Скопје.

„Конечно, по 30 години Македонија не е спаринг-партнер на некоја репрезентација за големо натпреварување, туку сме учесници на Европско првенство. Секако дека се радувам, но нема да се опуштиме и очекувам добар настап на континенталниот шампионат. Го очекуваме и Енис Барди конечно да ни се приклучи. Се чувствува добро и наскоро се надеваме и на негативен тест на ковид-19“, изјави Ангеловски.

Утре од 18 часот македонската фудбалска репрезентација ќе го игра првиот тест-меч со Словенија пред настапот на ЕП. Втората контрола ќе биде на 4 јуни против Казахстан, исто така во Скопје.

 

- Оглас -

Најнови вести