Ангеловски: Да бевме комплетни, ќе беше сосема друга приказна

Македонија загуби од Полска со 2-0 во Варшава, а со тоа згасна и првиот сон за пласман на ЕП 2020. Репрезентативците држеа резултатски егал повеќе од 70 минути, но на крајот ни пресудија полските резерви Франковски и Милик. 

По мечот, своите импресии ги истакна селекторот Игор Ангеловски, кој посочи дека пресуди искуството на Полска, но смета дека доколку селекцијата беше комплетна, немаше да се случи ладниот туш во финишот од средбата.

„Не можам да им замерам на моите играчи за борбеноста и ангажираноста во текот на целиот натпревар. Се обидовме со нашата борбеност да го надополниме фактот што не бевме комплетни. Добро се држевме 75 минути, жал ми е што примивме гол по една наша грешка. И пред мечот знаевме со каква селекција се соочуваме, токму нивното искуство во вакви натпревари го донесе победникот вечерва. Да ги имав сите фудбалери на располаѓање, Полска немаше да дојде толку лесно до победата во финишот, но мора да им се честита за победата“, истакна Ангеловски.

- Оглас -

Најнови вести