Ангеловски: Да не го потцениме Лихтенштајн

Македонија нема избор и утре треба да ја забележи третата победа во нашата група од Д сегментот во Лигата на Нации, против аутсајдерот Лихтенштајн, а дури потоа да мисли на клучниот меч со Ерменија во Ереван.

Засега ни оди одлично и со две победи на два меча сме први во групата, а само таа позиција не остава во игра за настап на ЕП 2020 година.

„Очекувам максимално сериозно да му пристапиме на утрешниот меч, се со цел да победиме. Најважен ми е следниот дуел. Никогаш не сум размислувал за вториот меч што следи потоа и така треба и утре сите да размислуваме, за да го победиме Лихтенштајн. Имаме проблеми со вирус и тие се под медицински надзор и полека ситуацијата се подобрува. Се надевам дека утре ќе можат да настапат.

Лихтенштајн е малку поинаква репрезентација од таа што ја победивме во Струмица пред една година и одиграа добро во двата меча од циклусот во Лигата на Нации“, вели селекторот Игор Ангеловски.

Мечот ќе се игра од 20,45 часот, утре на националната арена во Скопје.

 

- Оглас -

Најнови вести