Поранешниот македонскио фудбалски селектор, Игор Ангеловски повеќе не е тренер на хрватскиот тим Горица. Освен од тренерската, Ангеловски е разрешен и од функцијата спортски директор во клубот кој е на последното место во првенството во Хрватска.
Ангеловски нецели три месеци беше на чело на Горица, но не успеа да ја тргне екипата од дното на табелата. По 16 кола, Горица е „закована“ на дното на табелата со само седум бода.