Ангеловски е во потесниот избор за нов тренер на турскиот гигант

Игор Ангеловски ја заврши и најважната мисија во неговата селекторка кариера, ја промовираше Македонија на најважната фудбалска континентална мапа, а тоа е Европското првенство. Популарниот Мрме е еден од најзаслужните што Македонија беше дел од континенталниот собир, па иако во групната фаза загубивме од Австрија (3:1), Украина (2:1) и Холандија (3:0), факт е дека македонскиот фудбал имаше успешна промоција на спектакуларниот турнир.

По завршување на вчерашниот меч на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам, Ангеловски на прес-конференцијата потврди дека неговиот договор со Фудбалската федерација на Македонија завршува тука и дека нема да му биде продолжен, а со тоа и престанува селекторската функција.

Ангеловски попладнево со репрезентативците се вратија во Скопје, но многу веројатно е дека популарниот Мрме за скоро време повторно да треба да ги пакува куферите за старт на неговиот следен ангажман.

Според најавите, Ангеловски е во потесниот избор на кандидати за тренерското место во турскиот гигант Фенербахче. Досегашниот селектор на Македонија денеска треба да има конференциска врска, по која ќе се знаат повеќе детали околу тоа дали и кога би започнал со новиот предизвик на клупски план.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести