Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, го објави списокот на кандидати за настап на претстојните два натпревари од квалификациите за Европското првенство 2020. Македонскиот национален тим на 10 октомври во Скопје ја пречекува Словенија, а три дена подоцна „рисовите“ гостуваат кај Полска.
На листата на Ангеловски забележливо е присуството на Енис Барди, кој се рехабилитира од повредата. Од домашната лига се петмина. Егзон Бејтулаи поради жолти картони нема да игра со Словенија, но ќе биде во конкуренција за настап на натпреварот против Полска. Собирот на македонската репрезентација е закажан на 7 октомври во хотелот „Гранд Плаза“ во Скопје.