Ангеловски и Ристовски во еден глас: Македонија ќе потврди дека има квалитет за ЕП и против Украина

Нема отстапување од планот да се надигруваме со сите ривали во Ц групата на Европското првенство, а очекуваме и утре против Украина да потврдиме дека Македонија има квалитет за да се натпреварува со најдобрите селекции во Европа, велат селекторот Игор Ангеловски и дефанзивецот Стефан Ристовски.

„Знам дека имаме квалитет да одиграме нов добар меч. Не игравме бункер и калкулантски против Австрија и нема да го направиме тоа и против Украина. Имавме шанси, но, за наша жал, примивме втор клучен гол по наша грешка.

Ова е Европско првенство и играме со противници од највисок ранг и мораме да бидеме максимално сконцентрирани. Мотивирани сме, но нема да бидеме разочарани ако не успееме. Ние дојдовме овде како дебитанти и не треба да имаме притисок и треба да играме растоварено. Украина има одлични играчи. Јармоленко, Малиновски, Зинченко… се познати фудбалери, а и тимски е одлично компониран, но ние ќе играме на победа“, изјави Ангеловски.

Стефан очекува тврд меч против Украинците, веројатно и клучен за продолжување на надежите за пласман во вториот круг.

Нè чека неизвесен и тврд меч, клучен веројатно и за двете репрезентации. Сакаме да играме фудбал и мислиме само на следните 90 минути против Украина. Мислам дека покажавме дека сме сериозна репрезентација и очекувам тоа да го потврдиме и утре“, вели Ристовски.

Мечот се игра од 15 часот на Националната арена во Букурешт.

 

- Оглас -

Најнови вести