Ангеловски: Имаме проблеми, но и дузина фудбалски воини подготвени да ја победат Грузија

 

Голем оптимизам владее во таборот на Македонија и иако имаме проблеми, се очекува голема победа против Грузија и пласман на Европско првенство.

„Имаме двајца-тројца што се отустни, но имаме 21 фудбалер што се подготвени утре да победат и да ја израдуваат цела Македонија. Финале се игра за да се победи, а не да се бараат финеси, грешки или тактика. Морам да ја искористам оваа прилика да го споменам Горан Пандев, еден голем играч, наш Македонец, што верувам утре ќе ги поведе соиграчите до историски успех. Го почитувам колегата Вајс, работи одлично со репрезентацијата на Грузија и затоа се во финале. Утре нè чека голем меч и се надевам дека ќе победиме“, посочи селекторот Ангеловски.

- Оглас -

Најнови вести