Македонските фудбалски репрезентативци денес ги почнаа подготовките за дуелите против Ерменија (5 септември) и Грузија (8 септември) во рамките од првиот циклус во Сегментот Ц од Лигата на нациите.
Селекторот Игор Ангеловски е во добро расположение по првиот собир по пауза од девет месеци. Без разлика што помина долг период од последните обврски на оваа селекција, Ангеловски очекува добро издание од своите избраници во двата меча.
Целата изјава на селекторот можете да ја проследите на следното видео: