Ангеловски: Не сум задоволен, според нашиот квалитет мораше да победиме

Селекторот Игор Ангеловски призна дека очекувал Македонија да победи на гостувањето кај Естонија, каде на крајот моравме да се задоволиме со еден освоен бод.

„Нормално дека сум разочаран, затоа што со нашиот квалитет кој го поседуваме мораше да победиме тука. Секако честитки до Естонија за прикажаната игра. Ние успавме да се вративме од 3:1 до 3:3, имавме шанса за победа, но тоа беше на крајот од мечот“, рече Ангеловски, кој потенцираше дека направил замени во стартиот состав за да им даде шанса на оние кои помалку играат во репрезентативниот дрес.

„Тие што настапија, голем дел играа со Косово, влегоа како замени. Малку играа со Косово, а сега идејата беше да им дадам шанса, со цел да одморам дел од оние кои имаа главен товар на исцрпувачкиот меч со Косово. Јас им дадов шанса, а сега он нив зависи дали ја искористија или не. Кој искористи, искористи, кој не, ќе почека друга можност“, додаде селекторот, кој единствено позитивната работа од целиот меч ја гледа играта во последните 30 минути.

„Ако нешто од мечот сум задоволен, тоа е од играта во тие последни 30 минути, кога избегнавме пораз. Не сум задоволен од резултатот, мораше да победиме тука и ќе се доближивме на првото место. Повторно сме први, но треба да одиме по потешкиот пат, и ќе дадеме се од себе да стигнеме до тоа прво место на крајот“, заврши Ангеловски.

 

 

- Оглас -

Најнови вести