Иако Македонија ќе биде без повеќе стандардни првотимци, селекторот Игор Ангеловски верува дека нашата репрезентација ќе ја задржи челната позиција и по последното коло во Лигата на нациите. Ерменија како домаќин игра на неутрален терен во Никозија, а на Македонија доволно ќе ѝ биде да одигра нерешено, односно да не загуби, но тоа не значи дека нашиот тим ќе калкулира.
„Никогаш не сум бил тренер што калкулира, а особено не да играм нерешено. Тоа ми е мана очигледно. Имаме доволно квалитет, играчите кои се тука се подготвени да покажат зошто се тука. Доволно е да не загубиме и да се пласираме во Сегментот Б од Лигата на нациите. Целта е првото место, да се заокружи овој циклус со победа. Ние секогаш се подготвуваме за триумф“, рече Ангеловски, кој знае дека и Ерменија има квалитетни играчи.
„Добро ја познаваме репрезентацијата на Ерменија бидејќи и во минатите настапи од Лига на нациите игравме против нив. Посебно би ги истакнал Барсегјан и Хоф, кои ги познаваме и беа дел од оние успеси со Вардар. Ерменија бележи добри резултати, но доколку ние сме вистинските, ќе ги диктираме околностите на мечот и нема да имаме проблеми“, заврши селекторот на македонскиот национален тим.